Политика за приватност

Оваа Политика за приватност ги определува правилата за собирање, обработка и заштита на податоците споделени од страна на Корисниците во врска со користењето на Интернет-страницата; што се состои како од користење на фајлови со колачиња на компјутерите на Корисниците, така и од собирање и обработка на податоци за Корисниците за статистички цели, а исто така, и од останатите начини на обработка на податоци, особено собирање, зачувување, чување, преработка, менување, ставање на располагање и друго искористување на податоците. Сите изрази употребени во овој документ го имаат значењето што им е дадено во Правилникот на Сервисот „Cryptoeddu.com“ објавен на Интернет-страницата.

§1
Контролор на личните податоци

  1. Контролор – Друштвото „Crypto Education“, Reg. No. 165054, New Horizon Buiding, Ground Floor, 3 1/2 Miles Philip S.W. Goldson Higway, Belize City, ги собира личните податоци со цел да им овозможи на Корисниците да ја користат на Интернет-страницата.
  2. Личните податоци на Купувачите подлежат на посебна заштита и се користат само во таков обем, во каков што била дадена согласност. Базата на лични податоци се води од страна на Контролорот во согласност со законодавството меродавно според седиштето на Контролорот, како и во согласност со начелата на општествен соживот.
  3. Задачи на Контролорот:
    • грижа за безбедноста на личните податоци кои Корисниците му ги споделиле на Контролорот, особено грижа неовластени лица да немаат пристап до нив;
    • обезбедување на регистрираните Корисници реализација на нивните права, особено правото за увид во сопствените лични податоци, право да се бара ажурирање и отстранување на личните податоци.

§2
Лични податоци и други информации споделени од страна на Корисниците

  1. Корисниците ги даваат своите лични податоци на доброволна основа, меѓутоа давањето е неопходно за користење на Интернет-страницата, нивното недавање го оневозможува користењето на Интернет-страницата.
  2. Сите собрани лични податоци се наменети за користење од страна на Контролорот.
  3. За време на користењето на Интернет-страницата, серверите автоматски собираат информации испраќани од страна на пребарувачот и содржани во системските логови. Тие информации може да содржат различни податоци, на пр. имејл адреса, ИП адреса, вид на пребарувач, интернет-страница посетена непосредно пред користење на Интернет-страницата, време на влегување на Интернет-страницата, како и други статистички податоци. Контролорот ги користи со цел обезбедување највисоко можно ниво на даваните услуги, а исто така, и за технички и статистички цели.
  4. Собраните податоци служат за идентификација на Купувачите со цел реализација на Нарачките, вклучувајќи испорака на Производите и Гратисите кон Едукативните пакети, за процесирање на онлајн и офлајн раздолжувањата особено податоците за кредитната или дебитната картичка или други финансиски податоци неопходни за обработка на плаќањето извршено од страна на Корисникот (опслужување на плаќањата и реализација на Нарачките), како и подоцнежен контакт со Корисниците, а исто така, со цел развој на Интернет-страницата и послепродажна дејност. Тие податоци содржат, меѓу другото, информации, како: име, презиме, адреса, телефонски број, имејл адреса, корисничко име, индивидуален пристапен код, историја на трансакциите, како и сите лични податоци споделени од страна на самите Корисници.
  5. Контролорот може да собира информации поврзани со техничките податоци, особено „URL“ адреса, вид на уредите што служат за користење на Интернет-страницата од страна на Корисниците, ИД на уредите, вид на мрежна врска и име на давателот на услугите.
  6. Поради природата на Нарачките, доставуваните Производи и Гратиси со посредство на Сервисот, Корисникот може да биде замолен да достави дополнителни лични податоци. Обемот на дополнителните податоци ќе биде соодветно на наведен во Правилникот на Сервисот „Cryptoeddu.com“.

§3
Обработка на лични податоци

  1. Контролорот ги собира, користи, става на располагање и обработува личните податоци на Корисниците со цел реализација на Нарачките, испорака и испраќање на Пристапните кодови и Ваучери, Гратиси / замена на Пристапните кодови и Ваучери за услугите на одделните Даватели на услуги, маркетинг на своите услуги и на услуги на трети субјекти, како и со цел испраќање на Купувачите на информативни билтени и други промотивни и рекламни материјали. Корисникот во секое време може да изјави дека не се согласува да добива трговски информации - преку кликнување на линкот што се наоѓа во долниот дел од пораката.
  2. Секој Корисник има права кои произлегуваат од меродавниот закон за заштита на личните податоци. Со цел увид во увид во своите лични податоци, нивно ажурирање или отстранување, Корисникот треба да го контактира секторот за грижа за корисниците преку имејл адресата: contact@cryptoeddu.com.
  3. Интернет-страницата може, меѓу другото, да го користи системот „Google Analytics“ (и слични системи), односно услуги поврзани со анализа на посетеноста на интернет-страници и апликации што ја овозможува „Google, Inc.“ („Google“) или други субјекти. „Google Analytics“ користи колачиња. „Google“ може да предава идентификувани информации на трети лица, само ако тоа ќе мора да го стори врз основа на законски одредби.
  4. Контролорот користи фајлови со колачиња за чување на информации за преференциите на Купувачите. Тоа се текстуални фајлови што се зачувуваат на уредите на Корисниците и ги идентификуваат Корисниците на начин потребен за овозможување на некои операции. Тие фајлови чуваат: лични нагодувања на Корисникот, како и предлози за автоматско пополнување на полиња во формуларите, меѓу другото, се користат за зачувување на податоците неопходни за најавување на Корисникот. Се користат две категории на колачиња:
    • „Action Cookies“ – фајлови што се зачувуваат со цел регистрирање на активноста на Корисниците за време додека тие ја користат Интернет-страницата. Тие фајлови обезбедуваат статистички податоци, врз основа на кои може да се оптимизира функционалноста на Интернет-страницата. Услов за функционирањето на колачињата е нивно одобрување од страна на корисникот преку соодветно нагодување во интернет-пребарувачот.
    • „Session Cookies“ – се користат на страниците со опција за најавување – фајлови што се зачувуваат со цел определување на статусот на најавување на Корисникот. Тие служат за Корисниците да имаат пристап до страниците видливи исклучиво за Купувачите што ја користат Интернет-страницата. „Session Cookies“ се доделуваат во процесот на најавување на Корисникот и се отстрануваат при одјавување, односно при кликнување на копчето „Одјави“.
  5. Секој Корисник може во секое време да ја повлече согласноста за обработка и чување на неговите лични податоци, преку контакт со одделението за грижа за купувачите, со посредство на имејл адресата: contact@cryptoeddu.com.
  6. Борбата против какви било форми на кражба на идентитет, изнудување информации и нелегални практики именувани како „phishing“, е еден од највисоките приоритети на Контролорот. За таа цел, сите податоци давани од страна на Корисниците, особено податоците како бројот на кредитната картичка или податоците давани на Интернет-страницата што овозможуваат најавување како што се корисничкото име и лозинката за пристап до сметката на Корисникот, се чуваат со запазување на начелата за безбедност на податоците.

§4
Содржини и пораки на Корисниците

  1. Контролорот ги чува на неговите сервери што обезбедуваат целосна безбедност на податоците, следниве податоци: податоци испраќани од страна на Корисниците, особено пораките испраќани од страна на Корисникот во сите секции на Сервисот, како и информации поврзани со финансиските трансакции за Купување на Едукативни пакети.

§5
Доверување или ставање на располагање на личните податоци на Корисниците на други субјекти

  1. Корисникот дава согласност за доверување на неговите лични податоци од страна на Контролорот за целите наведени погоре во § 3 т. 1, на субјекти зависни од и поврзани со Контролорот, а исто така, на деловните партнери и Давателите на услуги на Контролорот.
  2. Личните податоци на Корисниците ќе им бидат доверувани на други субјекти за цели поврзани со централизација на податоците или за логистички цели, како и во ситуација, кога тоа го налагаат меродавните правни одредби или при преземања или соединувања кои се однесуваат на Контролорот.

§6
Завршни одредби

  1. Контролорот го задржува правото да им испраќа на Корисниците ненарачани информации. Во нив се вбројуваат информациите што се однесуваат директно на функционирањето на Интернет-страницата (на пр. промени во функционирањето) или пак некомерцијални писма (на пр. честитки, системски известувања). Секој од Корисниците има право да истакне дека не дава согласност за добивање на таков вид на информации, преку кликнување на линкот наведен под пораката.
  2. Интернет-страницата може да содржи линкови (на пр. во форма на логотипови на трети субјекти), коишто во случај на кликнување го пренасочуваат лицето што ја прелистува Интернет-страницата на надворешна интернет-страница. Фактот на примена на таквиот вид препраќања не може да биде изедначуван со каков било вид на поврзаност помеѓу Контролорот и субјектот, којшто е сопственик на надворешната интернет-страница. Контролорот во никој случај не сноси одговорност за последиците од таквиот вид на пренасочувања, ниту има влијание врз содржините поместени на надворешните страници. Контролорот не сноси одговорност за содржината на политиките за приватност и безбедност, коишто важат на тие страници, ниту за колачињата што се користат при нивното прелистување. Ги поттикнуваме лицата, коишто го користат таквиот вид на пренасочувања, да се запознаваат со содржината на соодветните документи што важат на тие страници.
  3. Контролорот го задржува правото да воведува измени и дополнувања на оваа Политика за приватност. Промените се вршат преку објавување на нова содржина на Правилникот на Интернет-страницата. Промените важат од моментот на нивното воведување.
  4. Услов за користење на Интернет-страницата е прифаќање на оваа Политика за приватност.