Правилник на Сервисот „Cryptoeddu.com“

Овој Правилник на сервисот „cryptoeddu.com“ ги утврдува правата и обврските на страните што произлегуваат од користењето на оваа интернет-страница, вклучувајќи ги тие што се однесуваат на информациите поместени на таа страница, особено реализација на Едукативни пакети купени од Продавачот и Гратиси кон Едукативни пакети. Корисникот треба внимателно да го прочита овој Правилник. Доколку имате какви било прашања во врска со овој Правилник, Ве молиме контактирајте нè.

1. Дефиниции.

Во овој Правилник на сервисот „cryptoeddu.com“ користиме разни дефинирани поими. Ќе ги препознаете по тоа што започнуваат со голема буква. Поимите употребени во овој Правилник ги имаат следниве значења:

  1. Продавач/Администратор – друштвото „Crypto Education“, Reg. No. 165054, New Horizon Buiding, Ground Floor, 3 1/2 Miles Philip S.W. Goldson Higway, Belize City; сопственик и администратор на Сервисот одговорен за негово правилно функционирање, коешто администрира со лични податоци на Корисниците во согласност со Политиката за приватност, коешто нуди купување на Едукативни пакети и Едукативни пакети со Гратиси директно или со посредство на Бизнис партнери,
  2. Интернет-страница/Сервис – оваа страница www.crytopeddu.com, којашто нуди реализација на Едукативни пакети купени на страниците на Продавачот или со посредство на Бизнис партнери на Продавачот и реализација на Гратиси добиени кон Едукативни пакети.
  3. Содржина – информации и материјали, коишто Администраторот и/или Корисникот може да ги објавува со посредство на Интернет-страницата и/или да ги преземе од Интернет-страницата;
  4. Микространица – помошна страница што ја дополнува Интернет-страницата, вклучувајќи мобилни апликации, услуги за електронски комуникации, социјални медиуми, а исто така, сите индивидуални страници, страници на бизнис партнерите или продавачите или други страници карактеристични за конкретната област, коишто содржат линкови или упатувања до овој Правилник или до Интернет-страницата;
  5. Нарачка – понуда за купување на едукативен пакет направена од страна на Корисник до Продавачот, вклучувајќи и со посредство на еден од Бизнис партнерите на Продавачот;
  6. Оператор на плаќања – плаќањата за Производите може да се обработуваат од страна на трети лица кои нудат услуги на податоци и плаќања, фактурирање на побарувања, усогласување на салда и рапортирање.
  7. Платформа – платформа на Продавачот што се наоѓа на страницата thebestvouchers.com, со посредство на која Купувачите може да купуваат производи на Продавачот. Платформата, исто така, служи за менаџирање на Сметката на Корисникот, како и за генерирање и опслужување на Пристапи кодови до Едукативни пакети и Гратиси. По регистрирање на Платформата со користење на Пристапен код, Корисникот добива интерактивен линк што го пренесува во Сервисот „cryptoeddu.com“, каде што може да го реализира Едукативниот пакет, а во случај на Едукативни пакети со Гратис, и Гратисот;
  8. Сметка – виртуелни записи на Платформата што овозможуваат идентификација, следење и менаџирање на салдото на корисникот (сумата на купени Производи од страна на Корисникот.
  9. Политика за приватност – збир на правила што се однесуваат на обработка на лични податоци и заштита на приватноста, коишто се применуваат во однос на Корисниците на Интернет-страницата, презентиран детално на Интернет-страницата во табот „Политика за приватност“;
  10. Купување – купувањето на Едукативен пакет се одвива по правење на Нарачка од страна на Корисникот на интернет-страницата на Продавачот или на интернет-страница на Бизнис партнер на Продавачот. Правењето на Нарачка е еднакво на прифаќање на Правилникот и Политиката за приватност на Продавачот. Купувањето има место во моментот на потврдување на прифаќањето на Нарачката од страна на Продавачот. Потврдата за прифаќање на Нарачката се испраќа до клиентот секогаш по електронски пат на имејл адресата наведена при правење на Нарачката. Интернет-страницата не може да се користи за купување на какви било физички стоки и/или услуги. Тоа што е поместено на интернет-страницата, не треба да се третира како понуда за таква продажба;
  11. Правилник на сервисот „cryptoeddu.com“ – овој Правилник во целост;
  12. Корисник/Купувач – секое физичко лице, коешто навршило 19 години и има целосна деловна способност, коешто има пристап до или ја користи Интернет-страницата, вклучително секое лице кое извршило Купување;
  13. Пристапен код – уникатна низа на алфанумерички знаци, којашто му се доставува на Купувачот од страна на Продавачот и којашто врз основа на правилата утврдени во Правилникот и правилникот на Платформата, му овозможува на Купувачот пристап до Едукативен пакет купен од Продавачот и негово користење, а во случај на Едукативни пакети со Гратис, исто така, дава право за преземање и користење на Гратисот. Пристапниот код важи 6 месеци од денот на неговото добивање. Рокот на важење на Пристапниот код го означува времето, во коешто таквиот код мора да биде активиран, а Едукативниот пакет преземен и искористен. Горенаведените одредби, исто така, имаат примена за Гратис. По изминување на тој период, реализацијата на Пристапниот код и преземањето, како и користењето на Едукативен пакет не е можно. Горенаведените одредби имаат примена, исто така, и за Гратис кон Едукативен пакет. Продолжувањето н рокот на важење на Пристапниот код по изминување на горенаведените 6 месеци е можно исклучиво во рамки на промотивни акции спроведувани од страна на Продавачот и може да настапи исклучиво врз основа на одлука на Продавачот. Таквата промотивна акција може да биде упатена исклучиво до избрани клиенти и да зависи од видот на купениот Едукативен пакет. За условите за користење на таквата промотивна акција, Продавачот секојпат го информира клиентот.
  14. Гратис – дополнителен производ или услуга, определен/а во моментот на извршување на купување на Едукативен пакет, што Купувачот на Едукативен пакет го/ја добива како подарок. Наведениот предмет или услуга бесплатно се додаваат кон Едукативниот пакет, независно од вредноста на Едукативниот пакт, а пристапот и неговото користење на Купувачот му го овозможува Пристапниот код добиен од Продавачот. Гратисот кон Едукативен пакет не преставува трговска вредност или пак претставува незначителна трговска вредност и не може да се купи одделно. Видот на Гратисот доделен на конкретен Купувач зависи од моменталната промотивна понуда на Продавачот и претставува исклучива одлука на Продавачот. Продавачот може во секое време да го заврши доделувањето на Гратиси кон Едукативни пакети или да го промени видот на моментално доделуваните Гратиси. Никакви информации во Сервисот не може во никој случај да се третираат како понуда за купување на Гратис кон Едукативен пакет. Секојпат, кога Купувачот плаќа за купување на Едукативен пакт и добива определен предмет или услуга во форма на Гратис, уплатуваниот износ секогаш е надоместок за Едукативен пакет, а Гратисот се добива како бесплатен подарок.
  15. Бизнис партнер – субјект кој учествува во партнерска програма на Продавачот, на којшто Продавачот му нарачал оперативни маркетинг активности и/или којшто посредува во Продажба на производите нудени од страна на Продавачот.
  16. Производ/Едукативен пакет – онлајн обука (вебинар) и други едукативни материјали, со тематика и обем / број на примероци, во зависност од видот на избраниот пакет. Вебинарот означува вид на интернет семинар вид на интернет семинар воден и реализиран со помош на технологијата вебкаст, којашто овозможува обострана комуникација меѓу предавачот и учесниците, со користење на виртуелни алатки. Пристапот и користењето на Производот го овозможува Пристапниот код што Купувачот го добил од Продавачот.
  17. Вредност на Производ – цената платена од страна на Корисникот за Едукативен пакет; таа секојпат содржи трошоци за испорака на Пристапен код до Корисникот.
  18. Други трошоци – такса инкасирана од Купувачот за опслужување и подготовка на Нарачка, чијашто висина зависи од видот на Нарачката, а чијашто финална вредност е видлива за Купувачот во резимето на Нарачката. Купувачот пред правење на Нарачката има можност да се запознае со овие трошоци.
  19. Формулар – формулар достапен на страницата https://cryptoeddu.com/form, којшто треба да се пополни, за да се активира пристап до Едукативен пакет и/или Гратис и да се преземе/користи горенаведеното. Со цел правилно пополнување на формуларот за преземање/користење на Гратис, може да биде неопходно приложување на соодветни Документи.
  20. Документи – наведени во овој Правилник скенирани документи или лични податоци, коишто треба да се приложат или наведат во Формуларот, чиешто доставување е неопходно со цел преземање на Гратис. Давањето на горенаведените лични податоци и/или доставувањето на скенирани документи секојпат е поврзано со неопходноста за почитување на основните меѓународни процедури за безбедност – особено „KYC“ („know your customer“) и „AML“ („anti-money laundering“).
  21. Електронски паричник – поинаку „e-wallet“, е место за чување на криптовалути (приватни клучеви). Со негова помош може да се извршуваат трансакции на испраќање и примање на криптовалути. Тоа е низа на цифри и букви, под која е шифрирана криптовалутата. Паричник може да се креира на која било берза на криптовалути.

2. Општи услови за користење на Сервисот.

  1. Сервисот овозможува пристап до купените Едукативни пакети и/или преземање на Гратиси. Пристапот до горенаведените Едукативни пакети и/или преземањето на Гратиси е можно исклучиво со употреба на Пристапен код што го добил секој Купувач, којшто извршил Купување.
  2. За да се активира пристап до Едукативен пакет и/или да се преземе Гратис, треба да се изврши најавување на Платформата со употреба на податоците специфицирани на добиената картичка со Пристапен код или да се изврши најавување директно во Сервисот „cryptoeddu.com“ со употреба на имејл адресата наведена за време на правењето на нарачката (корисничко име) и Пристапниот код (лозинка), а потоа да се пополни Формуларот што се наоѓа во Сервисот (https://cryptoeddu.com/form). Преземањето на Едукативен пакет и/или преземањето на Гратис е можно исклучиво за време на рокот на важење на добиениот Пристапен код.
  3. Во случај на волја за активирање на пристап до Едукативен пакет, треба да се пополни во Формуларот кој се наоѓа во Сервисот и кој е дедициран за преземање на пристап до Едукативен пакет, име и презиме на Купувачот и имејл адреса на Купувачот. Во случај на волја за преземање на Гратис (единици на криптовалута), неопходно е пополнување на целиот Формулар дедициран за преземање на Гратис, вклучително и наведување на адреса на електронскиот паричник, на којашто треба да се префрлат единиците на криптовалута, заедно со приложување на скенирани фајлови од посочените Документи, како и селектирање на соодветно поле кое одговара за изразување на согласност за испраќање на Формуларот со цел подигнување на криптовалутата.
  4. Криптовалутата, за којашто станува збор погоре во т. 3, е секојпат определен во моментот на извршување на купување на Едукативен пакет (специфицирана во потврдата на нарачката што Купувачот ја добил од Продавачот) број на единици на некоја криптовалута, којашто Купувачот на Едукативен пакет ја добива како подарок. Наведениот за време на правењето на Нарачката број на единици на некоја криптовалута се додава бесплатно кон секој купен Едукативен пакет, независно од вредноста на Едукативниот пакет. Единиците на криптовалута секогаш претставуваат Гратис кон Пакет и не може да се купат одделно.
  5. По добивање на Формулар дополнет од страна на Купувачот во Сервисот и негово доставување до Продавачот преку Сервисот, Продавачот во рок од 48 часа од добивањето на таквиот Формулар, е обврзан да му испрати на Купувачот преку имејл потврда за негово добивање. Потврдата секојпат се испраќа на имејл адресата наведена од страна на Купувачот за време на правењето на Нарачката.
  6. Потврдата, за којашто станува збор погоре во т. 7, содржи:
    • во случај на Едукативен пакет – линк до страница, каде што ќе се одржува онлајн обуката (вебинарот), заедно со најблиските термини, во коишто ќе се одржува таквата обука. Обуките се одржуваат исклучиво во термините определени од страна на продавачот. Бројот на места на секоја од обуките може да биде ограничен;
    • во случај на криптовалута – информација за извршена исплата на единиците на криптовалутата на наведената адреса на електронски паричник.
  7. Во случај, кога Формуларот не е правилно пополнет (на пример содржи прилог во облик на нечитлив скениран Документ), Купувачот во рок од 48 часа од добивање од страна на Продавачот на таквиот Формулар, од Продавачот ќе добие повратна порака со информација за недостатоците или грешките во Формуларот.
  8. Ако Купувачот го пополни Формуларот по изминување на важноста на Пристапниот код, Купувачот во рок од 48 часа од добивањето од страна на Продавачот на таквиот формулар, ќе добие повратна порака од Продавачот со информација за одбивање на прифаќањето на таквиот Формулар поради изминување на важноста на Пристапниот код, а со тоа поради недостиг на можност за прием и користење на Едукативниот пакет и/или Гратис.
  9. Пораката, за којашто станува збор погоре во т. 1 и 8, секојпат се испраќа на имејл адресата наведена од страна на Купувачот за време на правењето на Нарачката.
  10. Трансферот на криптовалута на адресата на приватниот електронски паричник на Клиентот („e-wallet“) се реализира во рок од 7 дена од датумот на потврдувањето на добивањето на правилно пополнет Формулар од страна на Продавачот.
  11. Електронски паричник („e-wallet“):
    • Со цел подигнување на криптовалута, Купувачот е обврзан да ја наведе адресата на својот електронски паричник, на којшто треба да се трансферира криптовалутата;
    • Купувачот секојпат пополнувајќи го Формуларот со цел подигнување на криптовалута и наведувајќи ја адресата на својот електронски паричник, изјавува дека е сопственик на тој паричник и дека тој паричник никогаш не се користел за реализација на неовластени трансакции.

3. Документи.

  1. Со цел подигнување на криптовалута, Купувачот е обврзан да му достави на Продавачот неопходни Документи, преку нивно приложување кон Формуларот. За правото на Продавачот да бара од Купувачот дополнителни Документи, во случај на подигнување на Гратис, Купувачот е секојпат информиран од страна на Продавачот или Бизнис партнерот на Продавачот за време на правењето на Нарачката, пред негово подигнување и плаќање од страна на Купувачот.
  2. Документ со кој се потврдува идентитет:
    • скенирана лична карта на Купувачот или
    • скенирана возачка дозвола на Купувачот или
    • пасош на Купувачот
  3. Купувачот е обврзан да му достави на Продавачот скениран важечки документ што го потврдува идентитетот и што содржи фотографија и видливи четири агли на документот. Скенираниот документ не може да има видливи оштетувања и нечистотии. Скенираниот документ мора да ги опфаќа двете страни на документот.
  4. Документ што ја потврдува адресата на живеење:
    • Фактура издадена за Купувачот (меѓу другото, но не исклучиво, тоа може да биде фактура за вода, струја, парно, ТВ, интернет, телефон) или
    • Извод од банкарска сметка на Купувачот.
  5. Купувачот има обврска да му достави на Продавачот документ што ја потврдува адресата на живеење:
    • во случај на фактура – со видливи четири агли на таквиот документ, издаден за Купувачот не подоцна од 3 месеци пред неговото доставување до Продавачот,
    • во случај на извод од банкарска сметка – извод, на кој се видливи најмалку 3 трансакции, адреса и лични податоци што се наоѓаат во горната секција на документот, а исто така, и лого на банката; генериран не подоцна од 3 месеци пред неговото доставување до Продавачот.

4. Одговорност.

  1. Администраторот на Сервисот/Продавачот не сноси одговорност за посебни, индиректни или секундарни штети настанати за време на користењето на услугите набавени со користење на Пристапните кодови, а исто така и Гратисите.
  2. Продавачот не сноси одговорност за нарушување на Правилникот, доколку исполнувањето на определена обврска станало невозможно од причини независни од него.
  3. Продавачот не гарантира дека Едукативните пакети добиени со користење на Пристапните кодови ќе ги исполнуваат барањата на Купувачите, ако Купувачот тие барања не ги определил на доволно прецизен начин пред правење на Нарачката. Продавачот ја утврдува содржината на одделните Едукативни пакети пред потврдување на примањето на Нарачката, меѓутоа не гарантира дека користите кои може да се добијат во врска со користењето на одделните пакети ќе бидат секојпат ефикасни, сигурни, точни и ќе ги исполнуваат очекувањата на одделните Купувачи.
  4. Продавачот не дава никакви други гаранции во однос на заштитата на приватноста и безбедноста, освен тие кои се јасно определени во Политиката за приватност.
  5. Продавачот не гарантира дека Купувачот ќе може да добие пристап или да го користи Сервисот во кое било време и од која било локација.
  6. Никаква усна или писмена информација, ниту совет даден од негов претставник не преставуваат гаранција.
  7. Купувачот може да има дополнителни потрошувачки права во согласност со законодавството важечко според живеалиштето на Купувачот, коишто овој Правилник не може да ги промени.

5. Отштета

  1. Прифаќајќи го овој Правилник, Купувачот се согласува дека во обем дозволен со одредбите на меродавното право, да го обезбеди и заштитува Продавачот/Администраторот, неговите директори, вработени и агенти од одговорност по основ на сите побарувања, штети, обврски, трошоци или долгови и издатоци (вклучувајќи, без ограничувања, по основ на сите разумни такси настанати во врска со какви било побарувања или судски постапки поведени или што му се закануваат на Продавачот/Администраторот во врска со кои било лица), коишто произлегуваат од користењето од страна на Купувачот на пристап до Сервисот или Пристапен код или Ваучер; од нарушување на кои било права на трети лица, вклучувајќи без ограничување авторски права, права на сопственост или права за заштита на приватноста; како и од кое било побарување за тоа дека содржините доставени од страна на Купувачот резултираат со штета на трето лице.
  2. Горенаведената обврска на Купувачот останува во сила по престанување на користењето на Сервисот од страна на Купувачот.

6. Заштита на лични податоци

  1. Контролор на базите на лични податоци давани од страна на корисниците на Сервисот (Купувачите) е Продавачот.
  2. Контролорот на базите на лични податоци се обврзува да ги штити личните податоци во согласност со законодавството меродавно за седиштето на Продавачот. Купувачот давајќи му ги своите лични податоци на Контролорот на базите на лични податоци при правење на нарачка, дава согласност за нивна обработка од страна на Контролорот на базите на лични податоци со цел реализација на направената Нарачка, особено со цел подигнување на Едукативен пакет и/или Гратис. Купувачот во секое време има можност за увид, поправање, ажурирање, како и за отстранување на своите лични податоци.

7. Промени на понудата и промоции

  1. Продавачот го задржува правото за промена на цените на одделни Производи од понудата, повлекување на некои Производи од понудата и воведување на нови и спроведување и промена на правилата за промотивни акции, вклучително и доделување на Гратиси.
  2. Правото, за коешто станува збор погоре во т. 1, нема влијание врз Нарачките направени пред датумот на влегување во сила на промената на цената или условите на промотивните акции – што означува дека тие ќе се реализираат според дотогашните услови.

8. Рекламации

  1. Во случај, кога според Купувачот услугите давани врз основа на Правилникот не се реализираат или се реализираат спротивно на одредбите од Правилникот, тој може да достави рекламација преки имејл на адресата: contact@cryptoeddu.com.
  2. Рекламациите добиени од страна на Продавачот ќе се разгледуваат во рок од 14 дена од датумот на нивното примање на имејл адресата наведена погоре во т. 1. Во случај, кога Рекламацијата не ги содржи информациите неопходни за нејзино разгледување, Продавачот ќе му се обрати на подносителот на Рекламацијата, за тој да изврши нејзино дополнување во неопходниот обем, а тогаш рокот од 14 дена тече од денот на доставување на дополнета Рекламација.
  3. Рекламацијата треба да содржи најмалку име и презиме на Купувачот, имејл адреса на Купувачот, опис на пријавуваните забелешки, како и посочување на предложениот начин за решавање на Рекламацијата.
  4. Одговорот на Рекламација се испраќа на имејл адресата наведена од страна на Купувачот во Нарачката. Во особено оправдани случаи, Продавачот може да го испрати одговорот на друга, наведена од страна на подносителот на Рекламацијата, имејл адреса, којашто не е поврзана со Нарачката, доколку таа адреса биде потврдена од страна на Купувачот преку еден од првично наведените комуникациски канали – т.е. имејл адреса или телефонски број наведен за време на правењето на Нарачката.
  5. Во случај на недостиг на можност за идентификација на Корисникот, рекламацијата ќе остане неразгледана.
  6. Продавачот не сноси одговорност за штетите што не се произлезени од негова вина.
  7. Администраторот/продавачот може да одбие издавање на Гратис во облик на криптовалута во секое време поради констатирање од страна на Продавачот дека Купувачот го пополнил Формуларот спротивно на законот, особено ако Купувачот бесправно се служи со лични податоци на трето лице, наведената од страна на Купувачот адреса на електронски паричник не му припаѓа нему или во случај на сомневање дека горенаведениот паричник бил користен за реализација на неовластени трансакции.
  8. Купувачот може да му пријави на Администраторот/Продавачот рекламација за функционирањето на Сервисот, неправилно реализирање на услуга на пристап до Едукативни пакети и/или Гратиси.
  9. Продавачот не одговара за квалитетот на доделените Гратиси, за прилагоденоста на Гратисите на потребите на Купувачите, ниту пак за несоодветна или спротивна со намената употреба на Гратисите од страна на Купувачите. Ако Купувачот не сака да добие Гратис, може за тоа да го информира Продавачот или Бизнис партнерот на Продавачот, пред потврдување на прифаќање на Нарачката.

9. Откажување на договорот

  1. Купувачот може да го откаже Договорот за купување на Едукативен пакет во рок од 14 дена од денот на неговото склучување, добивајќи 100% враќање на трошоците.
  2. Купувачот може да го откаже Договорот, испраќајќи имејл со информација за волја за откажување на Договорот на адреса на Бизнис партнерот или на: contact@cryptoeddu.com.
  3. Во случај на откажување на договорот, Купувачот е обврзан да изврши враќање на Кодот за Едукативен пакет, а исто така, и добиениот Гратис.

10. Завршни одредби

  1. Администраторот на Сервисот ги вложува сите напори, за да обезбеди правилно функционирање на Сервисот.
  2. Администраторот на Сервисот го задржува правото за целосно или делумно исклучување на Сервисот на неопределено време со цел негова модернизација или поправка.
  3. Администраторот на Сервисот не одговара за тешкотиите при преземање на Едукативните пакети и/или Гратисите предизвикани од случајни фактори кои се независни од него (вклучувајќи и фактори зависни од Купувачот, трети лица или виша сила).
  4. Продавачот го задржува правото да го менува Правилникот без наведување на причина.
  5. За измени на Правилникот и нивниот обем, Купувачите регистрирани во Сервисот ќе бидат информирани по електронски пат (на имејл адресата наведена во Нарачката) или во форма на скокачко прозорче за време на првото најавување во Сервисот по воведување на измените. Измените ќе се воведуваат со цел прилагодување на Правилникот на важечката правна регулатива.
  6. Доколку која било одредба од овој Правилник може да се смета за ништовна или неважечка, тоа нема влијание врз важноста и ефективноста на останатите одредби од овој Правилник. Таквата ништовна или неважечка одредба ќе биде заменета со важечка и ефективна одредба, којашто најблизу го постигнува економскиот ефект, на којшто се однесувала ништовната или неважечката одредба.
  7. Купувачот е обврзан да се запознае со измените во Правилникот, ако на кој било начин го користи Сервисот.
  8. За прашањата што не се регулирани со овој Правилник, ќе се применуваат соодветните правни одредби од законодавството што е важечко според седиштето на Продавачот. Спорните прашања, доколку Купувачот изрази таква волја, се решаваат спогодбено. Како крајност, прашањето го решава месно надлежниот суд за седиштето на Продавачот.
  9. Користењето на Сервисот од страна на Купувачот е еднакво на запознавање со и прифаќање на условите од овој Правилник.